Иванов- Звиздиќ: Евроинтеграцијата на Западен Балкан од суштинско значење за регионалната стабилност
Иванов и Звиздиќ задоволни од традиционално пријателските односи меѓу двете земји...

„Евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој. Да се искористи моментумот кога Брисел конечно ни го посветува потребното внимание“, констатирано на средбата меѓу македонскиот претседател Иванов и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.
Оценето е дека претстојниот состанок на лидерите на земјите- учеснички во процесот Брдо- Бриони, чиј домаќин ќе биде Македонија, ќе биде одлична можност за продлабочена и структурирана дискусија за интензивирање на евроинтеграциите на Западен Балкан и справување со предизвиците на регионално ниво.
Иванов и Звиздиќ задоволни од традиционално пријателските односи меѓу двете земји. Македонскиот претседател порачал дека нашата земја го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.
