Обвинителството постапува по заканите упатени кон претседателот на ЗНМ, Селмани

12.03.2018 16:18

На 9-ти март е примено писмено известување од единица за насилен криминал при СВР Скопје, по што надлежен јавен обвинител почнал да постапува по предметот.

Од скопското Јавно обвинителството велат дека се постапува по заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.

На 9-ти март е примено писмено известување од единица за насилен криминал при СВР Скопје, по што надлежен јавен обвинител почнал да постапува по предметот.

Во моментов се преземаат дејствија за прибирање на потребните податоци.

Оштетениот и лицето што го дало коментарот се повикани да дадат исказ во обвинителството, велат од институцијата.