Вес Мичел во Скопје на средби со Заев и Димитров

13.03.2018 08:44

Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите што ги води земјата со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, се пораките што ќе ги пренесе Мичел на средбите со македонскиот државен врв.

Американскиот помошник државен- секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел денеска доаѓа во Скопје, како втора дестинација во рамките на неговата турнеја на земјите од Западен Балкан.

Поддршка од САД за евроатлантските аспирации на Македонија, за преговорите што ги води земјата со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медумите, се пораките што ќе ги пренесе Мичел на средбите со македонскиот државен врв.

Мичел ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. По заедничката средба Заев и Мичел ќе дадат изјави за медиумите.

Посетата на високиот претставник на Стејт Департментот на Скопје, премиерот Заев ја оцени како потврда на пријателството, но и поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Македонија.

Мичел вчера беше во приштина, а неговата турнеја по Западниот Балкан ќе трае до 17-ти март