Шефицата на хрватската дипломатија во посета на Македонија
13.03.2018 10:41
Како што соопшти МНР, Пејчиновиќ Буриќ и Димитров ќе имаат тет-а-тет средба, по која ќе следуваат разговори на ниво на делегации на двете земји.

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања на Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Како што соопшти МНР, Пејчиновиќ Буриќ и Димитров ќе имаат тет-а-тет средба, по која ќе следуваат разговори на ниво на делегации на двете земји.
Хрватската вицепремиерка ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.
