Рочишта за „Тендери“ и „Насилство во Центар“ во Кривичен суд

13.03.2018 10:44

Во вториот предмет се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште 9 лица.

Во Кривичниот суд за денеска се најавени рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Тендери“ и „Насилство во општина Центар“.

Во вториот предмет се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште 9 лица.

На минатото рочиште, судијата го одложи судењето, по забелешката на Груевски и другите обвинети дека не го разбрале обвинението, бидејќи не го добиле во пишана форма.

Судот го задолжи СЈО да им достави пречистен текст на обвинението за темелно да го разгледаат.

Поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во музејот на ВМРО, како дел од проектот „Скопје 2014“.