ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолчување на медиумите

13.03.2018 10:47

Јавноста e сведок на секојдневна цензура, притисоци и закани врз медиумите во државата, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Правдата и демократијата заминуваат од Македонија. СДСМ ја задушува медиумската слобода. Јавноста e сведок на секојдневна цензура, притисоци и закани врз медиумите во државата, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, владејачката СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолчување на медиумите. Се изрекуваат затворски казни за искажан став, се цензурираат емисии, а државни функционери навредуваат и заплашуваат новинари.

Власта на СДСМ декларативно се залага за демократија, но во реалноста нема ништо од тоа. Се кршат правата и слободите загарантирани со Уставот без никој да сноси одговорност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.