Безбедност

37 години- Специјална единица „Тигар“

13.03.2018 11:22

Единицата за специјални задачи во 37-те години постоење, одигра важна улога во процесот на осамостојување на Република Македонија.

На денешен ден во 1981-ра година во Министерството за внатрешни работи, во рамките на поранешниот Секретаријат за внатрешни работи е формирана единицата за специјални задачи, позната како „Тигар“. Единицата за специјални задачи во 37-те години постоење, одигра важна улога во процесот на осамостојување на Република Македонија.

Оваа единицата имаше значаен удел во справувањето со повеќе безбедносни предизвици со кои се соочи државата на патот од осамостојувањето, па сѐ до денес, особено косовската бегалска криза , конфликтот во Македонија во 2001-ва, неутрализирањето на криминално- терористичките групи во Брест во 2003-та, Бродец во 2007-ма, Радуша во 2010-та и кумановската Дива населба во 2015-та година.