Уставен суд одлучи- ќе се намалат платите на вицепремиерите
13.03.2018 13:07
Ваквата одлука на Уставниот суд следува по иницијативата на политичката партија „Левица“.

Уставниот суд на Република Македонија укина дел од членот 14 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците.
Утврди дека функцијата потпретседател на Влада не постои во правниот промет и аналогно на тоа не може да се пресметува посебен коефициент на плата за таа функција.
Ваквата одлука на Уставниот суд следува по иницијативата на политичката партија „Левица“.
Инаку, ова значи дека на актуелните вицепремиери Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика, платите ќе им бидат намалени.
