ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ФОРМИРАЊЕ ДОПИСНИЧКА МРЕЖА НА МАКЕДОНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА

15.03.2018 15:55

Македонската радио телевизија ги повикува сите правни лица – телевизиите на локално ниво и телевизиите на регионално ниво да се пријават на Јавниот повик за воспоставување соработка со Македонската радио телевизија на ниво на Република Македонија, а со цел формирање дописничка мрежа на јавниот радиодифузен сервис.

Формата на соработка меѓу Македонската радио телевизија и телевизиите на регионално, односно на локално ниво ќе биде дефиниран и прецизиран согласно позитивните законски прописи.

Сите заинтересирани телевизии на локално и на регионално ниво коишто ќе пројават интерес за пријавување на јавниот повик треба да имаат важечка дозвола за телевизиско емитување издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија и истата треба да биде во прилог на поднесената пријава.

Пријавите да се достават по пошта или директно во Архивата на Македонската радио телевизија со назнака „За јавен конкурс за формирање дописничка мрежа на МРТ“ на следната адреса:

МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА

Бул. Гоце Делчев бр. 18  
1000 Скопје

 

Јавниот повик се спроведува за подобра информираност на гледачите на Македонската радио телевизија за дневните и социјалните случувања на граѓаните од сите делови на Република Македонија.

 

Се заблагодаруваме за покажаниот интерес

 

МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА