Сирија
Африн: Жесток артилериски напад на турската армија
16.03.2018 17:13
Според силите за заштита на народот на сириските курди, досега загинале дваесетина луѓе.

Турската армија почна жесток артилериски напад врз градот Африн во северозападна Сирија. Според силите за заштита на народот на сириските курди, досега загинале дваесетина луѓе.
Турската армија, заедно со сојзуничките сириски бунтовнички групи, во јануари почна воена операција „Маслиново гранче“. Анкара ги смета силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција.
ПКК e на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.
