Грчките организации во САД гневни кон конгресмените кои ја поддржаа Македонија

24.02.2014 13:13

Грчката заедница во САД реагира откако 40 американски конгресмени се потпишаа на писмо  до државниот секретар Џон Кери, во кое се бара прием на Македонија и Црна Гора во НАТО на претстојниот септемвриски самит.

Како што јавува МИА, грчките групи во САД најмногу се разочарани од потпишувањето на писмото од страна на Елиот Енгел од Њујорк, прв демократски конгресмен во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.

- Енгел традиционално беше наш силен поддржувач на прашањата кои им се важни на грчките Американци, особено по прашањето на Кипар. Особено сме разочарани што писмото ја доби поддршката на Елиот Енгел, Албио Сајрс, и Грејс Менг, членови на Комисијата за надворешни работи кои се и членови на групата за пријателство со Грција во Конгресот и кои беа големи поддржувачи на нашата заедница во минатото, вели Ник Ларигакис од Американскиот елинистички институт, една од грчките групи кои дејствуваат во САД.

Од Стејт департментот не реагираат јавно на упатувањето на писмото, во кое се бараше да се потврди перспективата земјите од источна Европа кои се аспиранти за членство во НАТО и се предупредува дека доколку НАТО не ги награди вложените напори на земјите, тоа може да ја ослабне нивната посветеност.

Лидија Чакар