Авганистан
Самоубиствен напад во Кабул- 26 загинати, 18 ранети
21.03.2018 14:21
Експлозијата одекнала во западниот дел на градот, во близина на шиитско светилиште...

Најмалку 26 лица загинаа, а 18 се ранети во самоубиствениот бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан.
Експлозијата одекнала во западниот дел на градот, во близина на шиитско светилиште. Нападот се случил за време на прославата Норуз, со која се одбележува почетокот на Персиската нова година.
Исламска држава ја презеде одговорноста.
