ЈАВЕН ПОВИК ЗА КРЕАТИВНИ ПРОГРАМСКИ ИДЕИ

23.03.2018 15:00

Македонската радио телевизија ги повикува сите новинари, уредници на редакции, уредници на програми и сите лица вработени во Македонската радио телевизија кои сметаат дека можат да дадат свој придонес во осмислувањето и збогатувањето на програмските содржини на Македонската телевизија и на Македонското радио, да се пријават со свои креативни програмски идеи.

Креативните програмски идеи треба да бидат доставени во облик на сценарија, идеи или разработени концепти за играна или сериска програма, за драмска, документарна, образовна, забавна, информативна и за програма од областа на културата и општествено-социјалниот живот во Република Македонија.

Сите заинтересирани лица своите пријави по овој Јавен повик да ги достават преку Архивата на Македонската радио телевизија во затворен плик со назнака „Пријава по Јавен повик за креативни програмски идеи“.

Покрај предложената програмска идеја, пријавата треба да содржи и име и презиме на подносителот на идејата, како и негова изјава дека тој е автор на понудената програмска идеја.

Со овој Јавен повик ги поттикнуваме сите лица вработени во Македонската радио телевизија да дадат свој личен придонес во формирањето и збогатувањето на програмската понуда на Македонската радио телевизија.

Се заблагодаруваме за покажаниот интерес.

 

МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА