Трамп протера 60 наводни руски шпиони од САД
26.03.2018 17:21
Трамп нареди да се протераат 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен шпион Сергеј Скрипал...

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се протераат 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен шпион Сергеј Скрипал во британскиот град Салзбери.
Висок претставник од Белата куќа изјави дека 48 лица за кои се знае дека вршат разузнавачки работи од рускиот конзулат во Сиетл и 12-мина од руската мисија во ОН имаат седум дена да ги напуштат САД.
