Седници на собраниските комисии за култура и за европски прашања

30.03.2018 09:34

Со стратегијата, која со акциски план претходно беше усвоена на седница на Владата, треба да почнат темелни реформи во областа.

Јавна расправа за Предлог- националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година ќе се одржи денеска во собраниската Комисија за култура.

Со стратегијата, која со акциски план претходно беше усвоена на седница на Владата, треба да почнат темелни реформи во областа.

Децентрализација и деметрополизација на културата и пристап до неа за сите граѓани подеднакво, се главните цели на културниот развој планирани за идните пет години.

Во Собранието за денеска е најавена и седница на Комисијата за европски прашања, на која ќе се расправа за Предлог-законот за високо образование, во прво читање. Предложениот закон е со европско знаменце.