Се укинува електронското полагање на ловечкиот испит
Се укинува електронското полагање на ловечкиот и рибочуварскиот испит. По донесувањето на измените од страна на Собранието, овие испити ќе бидат поедноставени и ќе се полагаат во сите градови, а не само во Скопје...

Се укинува електронскиот начин на полагање на ловечкиот и рибочуварскиот испит. Со измените на Законите за ловство и за рибарство кои се во собраниска процедура се овозможува поедноставување на целата попстапка за полагање на ловечки испит и испитите во делот на рибарството.
Со измените на двата закони, се укинува електронскиот начин на полагање на ловечкиот испит и испитите за рибочувари и за вршење на стопански риболов.
Комисиите за испити ќе организираат полагање во градовите од каде што доаѓаат кандидатите, со што ќе се намалат трошоците за ловџиите и рибочуварите.
Предвидено е да се укинат и фиксните термини за полагање на испитот, односно истиот ќе се полага во текот на целата година.
Измените на законите ќе важат и за кандидатите кои веќе аплицирале во Министерството за земјоделство да полагаат по сеуште важечкиот закон.
Методија Трајков
