Ново рочиште за случајот „Триста“

03.04.2018 10:50

Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453 илјади евра.

Во Кривичниот суд за денеска е најавено ново рочиште за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство во кој е обвинет Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во МВР, за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453 илјади евра. Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.