Судењето за случајот „Насилство во Центар“ продолжува на 19-ти април
Откако на минатото рочиште обвинетиот Милан Андоновски преку својот бранител достави лекарска потврда дека е болен од ларингит и не може да дојде на судење, Специјалното обвинителство испратило инспекција кај тројцата лекари за да ја провери неговата дијагниза.

Ново продолжение на судскиот процес за Насилството во општина Центар. Откако на минатото рочиште обвинетиот Милан Андоновски преку својот бранител достави лекарска потврда дека е болен од ларингит и не може да дојде на судење, Специјалното обвинителство испратило инспекција кај тројцата лекари за да ја провери неговата дијагниза. Инспекцијата утврдила дека лекарите не ги испочитувале законските обврски, по што СЈО најави дека ќе бара одговорност од нив.
Обвинетите, меѓу кои се поранешниот премиер Никола Груевски, екс- министерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова, на денешното рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Судењето продолжува на 19-ти април со распит на нови сведици.
