Обвинителството во Велес истражува обид за убиство
Основното јавно обвинителство од Велес соопшти дека, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, предложило до судија на претходна постапка определување на притвор против осомничениот...

Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26 годишно лице, поради постоење основано сомневање дека сторило во обид кривично дело „убиство“ и кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Осомничениот на 1-ви април годинава околу 20:30 часот во објект на свињарска фарма со умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Осомничениот во состојба на пијанство во која самиот се довел со количина на алкохол во крв од два промили, во моментот кога во објектот дошол оштетениот на истиот му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со истата се упатил кон останатите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство од Велес соопшти дека, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, предложило до судија на претходна постапка определување на притвор против осомничениот, кој е прифатен и на осомничениот му е изречена мерка 30- дневен притвор.
