Франција: Железничкиот сообраќај парализиран поради штрајк
Француската национална железничка компанија СНЦФ предупреди дека неколкудневниот штрајк на вработените ќе предизвика хаос во железничкиот сообраќај во Франција и во Европа. Четири синдикати ги повикаа да штрајкуваат по двапати неделно до крајот на јуни. Незадоволни се од планот на Владата за реформи во железничкиот сектор, што предвидува и укинување на дел бенифиции за вработените.

Железничкиот сообраќај во Франција е парализиран поради штрајкот на вработените во државната железница. Само 15 насто од брзите возови и 25 отсто од регионални ќе сообраќаат на 3 и 4 април. нормален возен ред е предвиден за Возовите што оперираат меѓу Франција, Белгија и Холандија. Синдикалните организации се револтирани од реформите на претседателот Емануел Макрон со кои им се загрозуваат поволните услови на работното место, како што се годишно зголемување на платата, рано пензионирање, 28 дена платено отсуство, заштита од отказ и бесплатни билети за возење за роднините на вработените.
„Катастрофа. Мора да преземат нешто, ние сме жртви, а ништо не згрешвиме. Мора да работиме како и сите други. Требаше да видите што се случуваше во возот. Им се лошеше на луѓето, жените плачеа, децата, ненормална ситауција.“
„Заминавме на време. Возот не беше полн. Генерално, не е страшно. Но, има најава за промени во распоредот, па ќе морам да излезам од работа порано“- велат патниците
„Ги потсетувам патниците да ги одложуваат патувањата, ако не им се неопходни. Некои не добиваат смс порака дека нивниот распоред има промена.“
Во март, на штрајкот против политиката на Макрон се придружија и учителите, медицинските сестри и вработените во неколку други сектори. Протести најавија и вработените во енергетската мрежа и во комуналниот сектор.
Маја Филдишев
