ВМРО-ДПМНЕ: Нов долг има, раст нема

03.04.2018 13:13

Според партијата, СДСМ не работи за граѓаните, туку за тесно партиските интереси и елитите од Бихаќка. Секое македонско семејство од почетокот на година е задолжено за нови 1.200 евра.

СДСМ ја зароби државата, со тоа и целото општествено, а економското работење падна на колена, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ не работи за граѓаните, туку за тесно партиските интереси и елитите од Бихаќка. Секое македонско семејство од почетокот на година е задолжено за нови 1.200 евра.

Нов долг има, раст нема, а инвестиции воопшто. Ова го има само во Република Македонија под водство на СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.