Собрание

ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ја подготвува интерпелацијата

03.04.2018 15:38

Без многу детали, координаторот на ВМРО- ДПМНЕ, Драган Данев вели- интерпелацијата ќе биде точката со која опозициските пратеници ќе се вратат на пленарната седница.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ја подготвуваат интерпелацијата за владата која најверојатно ќе ја поднесат по Велигденските празници. Спикерот Џафери има три дена рок по поднесувањето да закаже седница на која ќе се дебатира и гласа за доверба на Владата. Без многу детали, координаторот на ВМРО- ДПМНЕ, Драган Данев вели- интерпелацијата ќе биде точката со која опозициските пратеници ќе се вратат на пленарната седница.

„Очекуваме широка поддршка на барањето за доверба на Влада, бидејќи се работи за Влада која што економски ја уназади земјата, имаме зголемување на корупцијата, на криминалот, мислиме дека ќе наиде на широка поддршка, нашето барање за доверба на Влада“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Нова пленарка со 60-тина точки. Собранието без опозицијата, но и без расправа и на работ од кворум донесе десетици закони од различни области. Претседателот Џафери мораше по секоја точка да констатира дека има кворум во салата.

И додека Данев вели дека иако реформските закони во најголем дел се усогласени, премиерот Зоран Заев за нив се координирал со пратениците од СДСМ. За пакетот закони е потребно двотретинско мнозинство, и како што најави премиерот, потребно е да бидат изгласани пред објавувањето на извештајот на Европската комисија на 17-ти април.

Миле Ристески