Комеморација

Академиците му оддадоа последна почит на Цветан Грозданов

03.04.2018 15:43

Академиците му оддадоа последна почит на нивниот пријател, поранешен претседател и долгогодишен соработник академик Цветан Грозданов. На комеморативната седница за делото, посветеноста, пожртвуваноста и бројните книги и монографии за црковната и свештената уметност на академикот...

Најеминентиот историчар на уметноста, византолог со светска репутација, врвен научник, човек чиешто дело сведочеше за раскошната култура и уметност на македонија, дело кое му донесе престиж кој далеку ги надминува рамките на македонската и балканската културна историја. Со овие зборови академиците му одадоа последна почит на нивниот колега, пријател и соработник Цветан Грозданов.

На комеморацијата не се штедеа зборови ниту солзи. Неговиот спомен ќе продолжи да  живее во многубројните книги и монографии за црковната и свештената уметност, рекоа академиците.

Од 1989-та до 1991-ва година академик Грозданов бил декан на Филозофскиот факултет.  Тој бил стожер на Институтот  за историја  на уметноста и археологијата. 

Академик Цветан Грозданов беше првиот министер за култура на Македонија и поранешен претседател на МАНУ. Неговата библиографија содржи над 300 научни трудови. За научна дејност, Грозданов е одликуван со голем број награди дома и во странство.

Викторија Милевска