Политика

Словенечкиот премиер ја почна посетата на Македонија

03.04.2018 16:22

Церар ги почна активностите со тет-а-тет состанок со премиерот Заев...

Словенечкиот премиер, Миро Церар ја почна дводневната официјална посета на Македонија. Пред Владата, церемонија за пречек.

Церар ги почна активностите со тет-а-тет состанок со премиерот Заев, по што ќе продолжи со билатерална средба меѓу претставниците на двете земји.

Церар и Заев утре ќе учествуваат на бизнис- конференција, а словенечкиот премиер ќе има средби и со претседателот на државава, Ѓорге Иванов и со собранискиот спикер, Талат Џафери.