Рочишта за „ТНТ“, „Транспортер“ и „Тендери“ во Кривичен суд

13.04.2018 11:02

Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на ПЕИ, Фијат Цаноски, а во него се обвинети поранешниот премиер Груевски, ексминистерот Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка, како и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“, „Транспортер“ и „Тендери“.

Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на ПЕИ, Фијат Цаноски, а во него се обвинети поранешниот премиер Груевски, ексминистерот Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка, како и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“, на минатото рочиште побара изземање на Судечкиот совет, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и в.д. претседателот на Апелацискиот суд, Лидија Димчевска. По барањата одлучува Врховниот суд на РМ.

На обвинителна клупа денеска треба да седне и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска, која е првообвинета во случајот „Тендери“, кој се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.