Пензии

Царовска: Нема да се зголемува старосната граница за пензионирање

13.04.2018 12:32

Зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска...

Нема да се зголемува старосната граница за пензионирање, со Светска банка работиме на стабилизација на Пензинскиот фонд, тврди министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

„Пензиите ни се стабилни и безбедни во моментот, но ние како одговорна и реформска Влада, не размислуваме само за пензионерите коишто денеска примаат пензија, и чиишто пензии ги усогласуваме согласно Закон и редовно ги добиваат усогласувањата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое две години не предвиде воопшто средства за усогласувањето на пензиите. Ние тоа го правиме редовно, но размислуваме и за идните пензионери и наскоро ќе излезем со планот за стабилизација на ПИОМ. Повторувам дека покачување на старосната граница нема да има“- нагласи министерката Царовска.

На отчетот за сработеното, министерката Царовска ги презентираше и останатите проекти во социјалата. Како клучни ги посочи решенијата за 4.535 стечајци, покачувањето на платите на околу 90.000 луѓе што земале пониска плата од минималната, новите вработувања во Центрите за социјална работа,  изградба на нови градинки и мерките од Оперативниот план за вработување.