ДСЗИ отвори бесплатна телефонска линија за пријавување неправилности
Оваа институција врши надзор особено над спроведување на мерките за појава и спречување на заразните болести, во објекти што подлежат на надзор, по евидемиолошка индикација во објектите за производство и промет на храна...

Отворена е бесплатна телефонска линија 0800-25555 на која во текот на работното време може да се пријавуваат неправилности во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Оваа институција врши надзор особено над спроведување на мерките за појава и спречување на заразните болести, во објекти што подлежат на надзор, по евидемиолошка индикација во објектите за производство и промет на храна, надлежности во однос на безбедноста на предметите за општа употреба, и тоа детски играчки, средства за одржување на чистотата, козметички и други производи, исполнување на условите за вршење на дејност во објекти од надлежност на санитарната и здравствената инспекција.
Во областа на здравствената заштита, Инспекторатот врши надзор особено над остварување на правата од здравствената заштита, остварување на правата од здравственото осигурување, вршење здравствена дејност согласно со одобрение од Министерството за здравство, почитување на работното време во здравствените установи, водењето на евиденциите во областа на здравството, примената на прописите од областа на здравството.
