Османи: Реализирани околу 90 проценти од Планот 3-6-9
Вицепремиерот за евроинтеграции Османи вели дека реализирани се околу 90 проценти од Планот 3-6-9 и дека очекува најдобар извештај досега од Европската комисија.

Република Македонија испорачала исклучително задоволителни реформски резултати и е вратена на европскиот пат, му порачале евопските функционери на вицепремиерот Бујар Османи во рамките на последната посета на Брисел.
Османи вели дека реализирани се околу 90 проценти од Планот 3-6-9 и дека очекува најдобар извештај досега од Европската комисија.
Македонија успеа да испорача исклучително поволна реформска агенда во изминатите девет месеци и е повторно вратена на европскиот пат- нагласи Османи. Иако реализацијата на овој План не може да се изрази во проценти поради квалитативноста на некои мерки, надминати се и најоптимистичките очекувања и степенот на негова реализација е над 90 проценти. Од вкупно 103 мерки помалку од 10 не се реализирани, рече Османи.
Тој истакна дека реформите не застануваат тука, туку ќе продолжат и понатаму, согласно шесте водечки иницијативи содржани во Стратегијата на Европската комисија за проширување.
