Судство
Ново рочиште за „ТНТ“ на 4-ти мај
13.04.2018 13:06
Причина за новото одложување на расправата, според судијата Огнен Ставрев, е што сѐ уште нема одлука за изземање на судиите, побарано од одбраната на обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски.

Во кривичниот суд во скопје предмалку почна и веднаш се прекина новото рочиште од предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.
Причина за новото одложување на расправата, според судијата Огнен Ставрев, е што сѐ уште нема одлука за изземање на судиите, побарано од одбраната на обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски.
Новото рочиште е закажано за 4-ти мај, во 11 часот.
