Пензиите стабилни, нема да се зголемува старосната граница
Нема да се зголемува старосната граница за пензионирање, со Светска банка работиме на стабилизација на Пензинскиот фонд, тврди министерката Царовска. На отчетот за сработеното ги презентираше и останатите проекти во социјалата...

Нема да се зголемува старосната граница за пензионирање- пензиите се стабилни. Министерката Царовска тврди дека заедно со Светска банка се прави стратегија за стабилизирање на Пензискиот фонд. Информираше дека анализите се при крај и ќе бидат објавени наскоро.
„Пензиите ни се стабилни и безбедни во моментот, но ние како одговорна и реформска Влада, не размислуваме само за пензионерите коишто денеска примаат пензија, и чиишто пензии ги усогласуваме согласно Закон и редовно ги добиваат усогласувањата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое две години не предвиде воопшто средства за усогласувањето на пензиите“, нагласи министерката Царовска.
За случајот со штитеничките од домовите „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“, Царовска рече дека Министерството направило сѐ што е во нивна надлежност. Формирани се 22 дисциплински комисии за 20- мина, а наредната недела ќе се донесе конечната одлука. На распит во Обвинителството биле повикани вработени од Центарот за социјална работа и „25 Мај“.
„Вработените погрешиле во постапките, но не погрешиле во нешто што ќе ни даде можност за директно да суспендираме од работа. Можеби требало три пати да пратат урегнција, но пратиле еднаш. Затоа се сите тие основи кои ги најдовме во Кривичниот законик, за ние како Министерство да бидеме чисти дека сѐ што можело се презело“, изјави Царовска.
Царовска го презентираше отчетот за сработеното. Како како клучни ги посочи позитивните решенија за 4.535 стечајци, покачувањето на платите на околу 90.000 луѓе што земале пониска плата од минималната, новите вработувања во Центрите за социјална работа, изградба на нови градинки и мерките од Оперативниот план за вработување, за што се одвоени над една милијарда денари.
Викторија Милевска
