Евроинтеграции

Извештај за напредокот на Македонија, Хан и Могерини доаѓаат во Скопје

16.04.2018 10:35

Утре Брисел ќе го објави извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан. Македонија очекува чиста и безусловна препорака за старт на преговорите за членство. Еврокомесарот за проширување Хан и шефицата на дипломатијата Могерини доаѓаат во Скопје...

Утре Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан. Според информациите, Македонија ќе добие безусловна препорака за почеток на преговорите за членство. Се вели дека земјава ја надминала длабоката криза, и структурните реформи се комплексен процес што може да траат.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, по објавувањето на извештајот за Македонија, доаѓаат во Скопје.

Хан ќе пристигне в среда, додека могерини ќе ја посети Македонија следниот ден, кога ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Позитивни оценки добива и Албанија. Во извештајот за Косово се подвлекува дека започнатите реформи се забавени, а за Црна Гора дека има напредок само на хартија. Немање реформи е констатирано за Босна и Херцеговина, а на Србија ќе ѝ се препорача дека во ЕУ може да се стигне со реформи и со дијалог.