Димитров на регионална конференција по повод 10- годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот
16.04.2018 10:38
Главна мисија на организацијата е да ја промовира интеграцијата на земјите од регионот во Европската унија и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Белград ќе учествува на регионалната конференција што се организира по повод 10- годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот. Димитров ќе се обрати како главен говорник на конференцијата.
Главна мисија на организацијата е да ја промовира интеграцијата на земјите од регионот во Европската унија и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.
Предвидено е министерот Димитров да оствари неколку билатерални средби со реномирани учесници на конференцијата, соопштуваат од МНР.
