Продолжува судењето за нападот врз Села, ќе сведочи пратеникот Зекири
На претходното рочиште сведочеа претседателот на собранието Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Манчевски и пратеникот на СДСМ, Кирацовски. Џафери во судницата препозна 5-мина од напаѓачите.

Продолжува судењето на обвинетите за физичкиот напад врз пратеникот Зијадин Села на 27-ми април, лани во Собранието.
На претходното рочиште сведочеа претседателот на собранието Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Манчевски и пратеникот на СДСМ, Кирацовски. Џафери во судницата препозна 5-мина од напаѓачите.
На денешното рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.
За обид за убиство на Села се обвинети 10- мина. Тие се изјаснија за невини. Претседателот на Алијансата на Албанците, пак, бара отштета од 500 илјади евра.
