Продолжува судењето за случајот „Поткуп“
На претходното рочиште, повеќе од еден час, без присуство на новинарите, обвинетиот Заев ги слушаше преостанатите телефонски разговори обезбедени со посебни истражни мерки.

Во Кривичниот суд продолжува судењето за предметот „Поткуп“. Апелација сѐ уште нема одлучено дали јавноста ќе ја види целосната снимка од разговорот меѓу Заев и струмичкиот бизнисмен Николов.
На претходното рочиште, повеќе од еден час, без присуство на новинарите, обвинетиот Заев ги слушаше преостанатите телефонски разговори обезбедени со посебни истражни мерки.
По судењето, премиерот оцени дека Јавното обвинителство нема докази да ги поткрепи тврдењата во обвинителниот акт.
Николов во исказот тврдеше дека за легализација на градежно земјиште Заев му побарал дополнителни две евра од квадратен метар, едно за него и едно за изградба на црква.
Заев како градоначалник на Струмица е обвинет за барање поткуп на 160 илјади евра.
