Претставен „Самсунг Галакси Ес-5“
Јужнокорејската компанија „Самсунг“ доцна синоќа на Светскиот конгрес за мобилни апарати во Барселона го претстави новиот смартфон „Галакси Ес-5“, кој има водоотпорни својства.
Новиот мобилен телефон има исклучително издржлива батерија и може да работи уште 24 часа по евентуално блокирање на сите функции, освен главните - дојдовни повици и СМС.
„Галакси Ес-5“ има дисплеј од 5,1 инчи со Фул ХД резолуција, четиријадрен процесор Квалком Снапдрагон801, два гигабајта оперативна и 16/32 гигабајта дополнителна меморија.

Телефонот има две камери. Главната е со 16 мегапиксели, а споредната со два мегапиксела.
Апаратот има скенер за отпечатоци од прстите, што овозможува да се заштитат податоците во него.
„Галакси Ес-5“ ќе биде понуден на пазарот на 11 април во над 100 земји во светот