ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема ниту капацитет, ниту план за иднината на државата

16.04.2018 12:48

Корупцијата стана начин на работење и функционирање на државата. Додека милиони се испумпуваат од буџетот, државата стагнира, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДСМ на власт, корупцијата стана начин на работење и функционирање на државата. Додека милиони се испумпуваат од буџетот, државата стагнира, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ нема ниту капацитет, ниту план за иднината на државата, а преку бизнис коруптивни шеми профитираат неколку фамилии во врвот на власта.

Јавноста се дефокусира со монтиран кривичен прогон на десетина патриоти, за непречено да продолжи урнисувањето на државата. Овој случај е срам за правосудството и правниците, кои наместо по закон, работат по нотите на Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.