На затворено рочиште за „Поткуп“ се слушаа разговори од посебните истражни мерки
Ги слушнавме сите разговори и со службениците од Општина Струмица, и со сведокот Николов за да се забрза процесот за купување на земјиште, но не и за поткуп, рече Заев. Тој изјави дека се работи за монтиран процес.

„Нема ништо од обидите за земање поткуп во разговорите, ниту во СМС пораките“- изјави премиерот Зоран Заев по рочиштето за случајот „Поткуп“. Денеска тоа беше затворено за јавноста зашто биле преслушани сите разговори обезбедени со посебни истражни мерки и прегледани сите СМС пораки.
Ги слушнавме сите разговори и со службениците од Општина Струмица, и со сведокот Николов за да се забрза процесот за купување на земјиште, но не и за поткуп, рече Заев. Тој изјави дека се работи за монтиран процес.
Неговиот адвокатски тим информираше дека Апелацискиот суд сѐ уште нема донесено одлука по жалбата на Обвинителството и не се знае дали јавноста ќе може да ја чуе и види целосната снимка која е доказ во оваа постапка.
Следното рочиште за случајот „Поткуп“ е закажано за 30-ти април.
