Жбогар: Препораката е одлична вест за земјата
Брисел препорачува функционална демократија во Парламентот со опозицијата во него.

Безусловната и чиста препорака за отворање на преговорите за членство во Унијата е одлична вест за земјата, оцени евроамбасадорот Жбогар, по презентирањето на извештајот на Европската комисија. Брисел препорачува функционална демократија во Парламентот со опозицијата во него.
„Им честитам на граѓаните на земјата за правењето многу важен чекор напред, а тоа е добивањето чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа не беше лесно за земјата која помина тешки моменти изминатите години. Мислам дека со заеднички напори на сите кои се чинители во државата, Парламентот се подобри, Владата се ангажираше во сите области што се посочени во нашиот извештај. Сето тоа е одразено во нашиот извештај и како резултат на тоа Комисијата даде препорака“, истакна Жбогар.
Додаде дека се очекува реформите да продолжат и да се продлабочуваат како што е наведено и во препораките за да можат земјите членки да бидат убедени за да отпочнат преговори.
