Скопје

Посебен сообраќаен режим поради Дигиталниот самит

18.04.2018 10:41

Затворени и пренасочени за сообраќај се улиците „Јадранска Магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми септември“, „Илинден“, но и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта.

Поради одржувањето на Дигиталниот самит, околу хотелот „Александар Палас“ и салата „Борис Трајковски“, СВР Скопје воспостави посебен сообраќаен режим.

Затворени и пренасочени за сообраќај се улиците „Јадранска Магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми септември“, „Илинден“, но и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта.

Исто така, како што информираат од МВР, посебен сообраќаен режим има и на обиколницата на автопатот до Меѓународниот аеродром- Скопје.