Евроинтеграции

Могерини: Чистата препорака резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата

19.04.2018 10:28

Надмината е најлошата политичка криза, ова е ваше достигнување, но исто така и за нас. Тоа се однесува и на вас и на опозицијата, и е чекор за еден долг пат на реформите. Могерини во својот говор во Собранието на Република Македонија, посочи и на колективната одговорност во земјава...

Вие успеавте, изјави Mогерини во утринскиот говор пред пратениците во Собранието. Надмината е најлошата политичка криза, ова е ваше достигнување, но исто така и за нас. Тоа се однесува и на вас и на опозицијата, и е чекор за еден долг пат на реформите. Могерини посочи и на колективната одговорност во земјава.

Вие ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата има одговорност да и отвори простор на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата оваа работа. Имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на вашата земја, имате колективна одговорност да соработувате во институциите за да постигнете резултати во националните приоритети, им порача Могерини на македонските пратеници.

Додаде дека Македонија се вратила патот кон Европската унија и тоа е местото на кое земјата треба да се наоѓа.

Кога ќе се сетам што се случувше тука, во Собранието пред една година и што се случува сега можам да кажам дека поминавте долг пат. Позитивно е што се вративте на патот, ја поминавте најлошата политичка и институционална криза, со која некогаш сте се соочиле. Препораката е големо достигнување за сите во земјата и таа е пред се достигнување кое се постигна благодарение на одлучноста на секој граѓанин на оваа земја, рече Могерини.

Ги пофали досегашните реформи, усвојувањето на законите во важните области, но повтори оти сега е потребно земјата да се фокусира на нивната имплементација.