Случај „Насилство во Центар“: Побарано изземање на Судечкиот совет
Во Кривичниот суд исказ треба да дадат двајца сведоци. Одбраната непосредно пред судењето достави барање за изземање на Судечкиот совет.

Продолжува судењето за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“. Во Кривичниот суд исказ треба да дадат двајца сведоци. Одбраната непосредно пред судењето достави барање за изземање на Судечкиот совет.
Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.
Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година
