Иванов- Могерини: Одредување датум позитивно ќе влијае врз реформите

19.04.2018 10:59

Позитивната препорака за отворање на пристапните преговори има охрабрувачко влијание за кредибилноста на Европската унија и за перспективата на целиот регион- посочил Иванов на средбата со Могерини.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини оствари средба и со претседателот Иванов. Тој е задоволен од обновената препорака. Смета дека деблокирањето на интегративните процеси преку одредување датум за почеток на пристапните преговори позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено- политичка состојба во Македонија.

Позитивната препорака за отворање на пристапните преговори има охрабрувачко влијание за кредибилноста на Европската унија и за перспективата на целиот регион- посочил Иванов на средбата со Могерини.

Двајцата размениле мислења и за разговорите со Грција за разликата околу името.