Извештајот на СЈО пред пратениците

03.05.2018 10:31

Одобрени се речиси сите поднесени обвиненија во текот на четвртиот извештаен период. Обвинителката Јанева наведува дека во овој период се донесени првите пресуди по предметите што се водат пред ова јавно обвинителство.

По неколку одложувања, пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, извештајот на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15- ти септември 2017-та до 15-ти март 2018-та година.

Одобрени се речиси сите поднесени обвиненија во текот на четвртиот извештаен период. Обвинителката Јанева наведува дека во овој период се донесени првите пресуди по предметите што се водат пред ова јавно обвинителство.

Според извештајот, судот целосно одобрил 15 обвиненија поднесени во јуни лани. Донесени се пресуди за вкупно 11 обвинети лица. Во текот на петтиот извештаен период се отворени 7 нови истражни постапки против 17 лица.