Меѓународен ден на слободата на медиумите

Манчевски: Улогата на медиумите е да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта

03.05.2018 10:34

Улогата на медиумите е да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта, вели министерот за информатичко општество и администрација Манчевски. Слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество.

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на слободата на медиумите. Во последниот извештај на Европската комисија и на другите меѓународни организации е констатиран напредок во однос на условите во кои работат новинарите во Македонија, но и дека останува уште многу да се направи.

Од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници посочуваат дека неколку години по ред во извештаите за слободата на медиумите во Македонија се констатира дека новинарите се слабо платени и работат во несигурни услови.

Крајно време е, велат од Синдикатот, прашањето за работните и професионални услови на новинарите и медиумските работници да биде во центарот на дебатата за тоа какви медиуми сакаме во Македонија.

Улогата на медиумите е да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта, вели министерот за информатичко општество и администрација Манчевски. Слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество.

Нападот врз слободата на медиумите, е напад врз владеењето на правото и врз човековите права, потенцира Манчевски на денот на слободата на печатот.