УХМР: Променливо облачно со повремен дожд

03.05.2018 10:38

Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија, а ќе дува засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час.

Облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија, а ќе дува засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува в сабота.