Запленети над 130 килограми марихуана на ГП Богородица

03.05.2018 12:14

Дрогата во 323 пакувања, била најдена во посебно направен простор во внатрешноста на страничните даски за кои е прицврстена церадата на полуприколката.

Над 130 килограми марихуана се откриени вчера на граничниот премин Богородица во камион со албански регистраски таблички. Возачот, 37-годишен албански државјанин е приведен.

Дрогата во 323 пакувања, била најдена во посебно направен простор во внатрешноста на страничните даски за кои е прицврстена церадата на полуприколката.

Поради опасност од бегство, по барање на велешкото Јавно обвинителство, судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор.