Гинекологија Чаир доби нова опрема
Надлежните велат, ќе се едуцираат и лекари во Лондон, а се работи на намалување на новороденичката смртност.

ЦТГ апарати за следење на срцевата активност на плодот, ехо апарати со кои се опремени сите амбуланти како и апарат за скрининг на слухот кај новороденчињата- донирана е нова опрема преку проектот ХОПЕ во болницата за гинекологија и акушерство во Чаир.
Надлежните велат, ќе се едуцираат и лекари во Лондон, а се работи на намалување на новороденичката смртност.
Директорот на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, д-р Башким Исмаили, изјави дека во моментов имаат 17 гинеколози, седум неонатолози и шест анестезиолози, но дека овој број на доктори не доволен со оглед на зголемениот капацитет на работа во болницата.
Министерот за здравство, Венко Филишче, посочи дека е направен увид на сите родилишта во Република Македонија заедно со експертската екипа од ОН преку нивната агенција, и појасни дека врз основа на тој план ќе работат на вработување кадар од секој профил кој треба да работи во една акредитирана гинеколошка установа.
