Џафери сѐ уште не го испратил Законот за употреба на јазиците во „Службен весник“
Не сум оптоварен со времето, затоа што нема ограничување во врска со временското одлучување за објавување на законот, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање

Претседателот на Собранието, Талат Џафери сѐ уште не го испратил Законот за употреба на јазиците во „Службен весник“. Засега не открива кога тоа ќе го направи, бидејќи вели, нема временска рамка.
„Не сум оптоварен со времето, затоа што нема ограничување во врска со временското одлучување за објавување на законот“, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“.
Џафери на 27-ми април рече дека ќе го пушти Законот за јазиците за објавување во Службен весник, но и тогаш не прецизираше кога.
