Состанок на Одборот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза
Во Скопје состанок на Одборот на Глобалниот фонд против ХИВ, маларија и туберкулоза. Присуствуваа 300 делегати од целиот свет. Од годинава, Македонија целосно го презеде финансирањето на проектите за борба против овие болести. Владата за годинава во буџетот издвои 1,5 милиони евра.

Да обезбедиме средина која нема да ги осудува и дискриминира лицата болни од ХИВ и туберкулоза, така ќе ги гарантираме основните човекови права – рече претседателот на владата Зоран Заев на состанокот на одборот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза.
Досега од Фондот за Македонија издвоени 34 милиони долари. Од годинава Македонија целосно го презеде финансирањето на проектите против овие болести. Владата во буџетот за 2018 издвои 1,5 милион евра.
Земјите ја зголемуваат финансиската поддршка, Глобалниот фонд ги поддржува државите со висока стапка на овие болести и со помал економски капацитет. Министерот за здравство посочи и на вклученоста на граѓанскиот сектор.
Глобалниот фонд даде голем придонес за намалување на смртноста и распространетоста на овие болести- вели директорот Сендс. Од 2004-та година за половина е намален бројот на смртни случаи. Годишно бројот на новоинфицирани се намалува за еден милион. Сепак вели- важно е да се зголеми превенцијата.
На состанокот на Одборот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, туберкулоза и маларија присуствуваа 300 делегати од целиот свет.
Андријана Атанасовска
