Заев: Нема ништо незаконско во тоа што мојот брат е краен корисник на градежно државно земјиште во Струмица

09.05.2018 13:00

Премиерот тврди дека постапката била транспарентна и законска. Заев смета дека обвинувањата на Мицкоски зборуваат за сериозноста на неговиот лик.

Нема ништо незаконско во тоа што неговиот брат е краен корисник на градежно државно земјиште во Струмица, кое го добил додека бил градоначалник, вели премиерот Заев, одговарајќи на вчерашните тврдења на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тврди дека постапката била транспарентна и законска. Заев смета дека обвинувањата на Мицкоски зборуваат за сериозноста на неговиот лик.

Прашан колкав е профитот на Заеви од зделката, премиерот рече дека е онолку колку што чинела изградбата. Потенцира дека 60 насто од инвестираните пари не се вратени.

Станува збор за купопродажба на земјиште и во овој бизнис треба да поминат неколку години за да се исплати инвестицијата.